Филип Божиновски, еден од најпознатите македонски вокалисти, кој пред десет години го крена жирито на нозе во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, денес е вистинско музичко име на домашната сцена. Освен како солист, Филип е фронтмен на Плеј Бенд, музичка група која со години плени со својата енергија, квалитет и разновидност во репертоарот.
Нивната соработка започнала сосема случајно во 2017 година, но брзо се развила во успешна музичка приказна, исполнета со бројни настапи низ Македонија и надвор од неа. Со својот препознатлив стил и извонредни изведби, тие се омилени на свадби, прослави и фестивали, секогаш носејќи врвна забава и позитивна енергија.
Членови на Плеј Бенд се: Филип Божиновски – вокал, Стефан Котески – труба/хармоника, Оливер Стаменков – тапани, Гоце Пејчев – клавијатури, Драги Полизовски – саксофон/кларинет/кавал/зурла/гајда и Бојан Трајчев – гитара.
Во изминатиот период, Плеј Бенд снимаше нови преработки во студиото на Арт Студио продукција, со која имаат одлична и долготрајна соработка. За публиката подготвија патриотски македонски сплет од три песни, како и два микса од македонски и српски хитови – комбинации кои на нивните настапи се меѓу најбараните.
„Сигурни сме дека ова ќе им се допадне на нашите фанови, а наскоро доаѓа и нешто уште поголемо!“, велат од Плеј Бенд.
Ова не е нивна прва успешна соработка со Дејан Георгиев од Балкан Мјузик ТВ. Ова не е нивна прва заедничка приказна – тие и во минатото работеле заедно на повеќе проекти кои наидоа на одличен прием кај публиката.
Овој пат, тимот од Арт Студио одлучи да сними патриотски македонски сплет од три преработени песни, мелодии кои ја носат душата на нашиот народ. Веруваме дека љубителите на македонската музика ќе уживаат во оваа комбинација. Покрај тоа, тие снимија и два микса со најбараните македонски и српски хитови – песни што редовно ја креираат атмосферата на нашите настапи.
„Иако ова се преработки, оваа година ни носи и нешто ново – авторска песна! Веќе работиме на оригинален материјал кој со нетрпение го очекуваме да го споделиме со сите вас“, ексклузивно откриваат од Плеј Бенд.
Покрај студиските проекти, Плеј Бенд и Филип Божиновски остануваат максимално ангажирани во сезоната на свадби и прослави. Нема поголема чест од тоа младите да Ви ја доверат музиката за нивниот најважен ден, а тие пак секојпат даваат сè од себе да создадат незаборавни моменти.