Почетна > Македонија > За душа и срце – уште една неделна музичка идила (Видео)

За душа и срце – уште една неделна музичка идила (Видео)

///
Comments are Off

Оваа недела, 16-ти март, Ве покануваме повторно да бидете дел од најдоброто музичко дружење со врвни македонски фолк изведувачи. Во добро познатите термини, ќе ја прикажеме 24-та епизода од четвртата сезона од Вашата омилената домашна музичка програма, каде што ќе уживаме во најубавите стари народни бисери, како и во новокомпонираните песни што ги носат традицијата и емоцијата во секој тон.

Викендите се за семејството, за пријателите, за моменти на радост и убавина – а што може да биде поубаво од македонската песна што ги обединува сите генерации?

Затоа, наздравете за музиката, уживајте во вистинското македонско фолк доживување и поминете незаборавни мигови со нас!

Недела, 16:00 часот – Алфа Телевизија и 20:00 часот – Балкан Мјузик телевизија.

И овој пат, На здравје!

Може да ви се допаѓа и
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)
Два дена без сон – Пехчево повторно ќе живее во ритамот на најголемиот фестивал на дувачки оркестри (Фото)
Со спектакуларна промоција на два нови музички проекти Маестро Александар Ицов одбележа 10 години музичка кариера (Фото+Видео)
Замина еден од најголемите македонски музичари – Почина Владо Јаневски