Почетна > Ексклузивно > Mузичко шоу на Стојне Николова и пријателите…

Mузичко шоу на Стојне Николова и пријателите…

///
Comments are Off

Насмеана, позитивна , со постојан континуитет на македонската музичка сцена, со умерен сексипил кој убаво и прилега и знае да се носи со него…Стојне Николова успешно ја преброди и оваа изненадувачко тешка година за сите музичари и изведувачи. Можеби е до духот, до младоста, до вербата или едноставно кога ќе се спојат сите три нешта лесно може да се помине сето она што ни го носи животот. Но мора да признаете, секогаш е убаво кога ќе слушнеме за секој нов проект на Стојне…и се разбира, кога ќе ја видиме.

Деновиве Стојне Николова започна со реализација и снимање на нејзиното музичко шоу во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv. Во истото освен нејзиниот долгогодишен соработник и менаџер Бобан Мојсовски, како дел од бендот што ја придружува се најдоа и Мишел Трајковски, Идает Сејфулов, Ален Рамчевски, Тони Јанкулоски и Влатко Китановски. Како гости, пријатели и големи љубители на песната, на поканата да го збогатат ова шоу учествуваа и Дамјан Стојаноски, Џељо Дестановски, Јане Рафаиловски, Ѓоко Таневски и Филип Нуне. Истото изобилува со многу македонска музика и хитови преплетено и со понекој српски хит, со што целата концепција на проектот уште повеќе ќе ја “загрее” новогодишната еуфорија која за некој ден ќе започне да не обзема. А мора да се признае дека не обзема и целата собрана екипа која на чело со Стојне Николова уште од сега ни ветува вистинско музичко уживање…и поради “искалените” инструменталисти и изведувачи, и поради тоа што знаеме што може да се очекува од нив. Музика и песни кои како мелем за душа добро ќе ни дојдат весело и распеано да ја започнеме годината што ни доаѓа.

И на крајот останува сето ова предходно кажано само да го потврдиме со нејзиното впечатливо учество на “Роса фест 2020” со баладата “Новата јас”, балада која од прва ги освои нејзините обожаватели. Исто така Стојне Николова ќе можеме да ја видиме и слушнеме и во новогодишната програма на BalkanMusicTv, денови кои ќе бидат исполнети со многу добра музика… во очекување на нејзиното музичко шоу заедно со пријателите, како што е редот да ја започнеме Новата 2021 година.