Почетна > Ексклузивно > Незаборавна новогодишна програма на BalkanMusicTv…

Незаборавна новогодишна програма на BalkanMusicTv…

///
Comments are Off

Весело, распеано, со многу позитивно расположение и енергија, со надеж за подобри денови кои ни доаѓаат како за се, така и за музиката…онаа која никогаш не може да ја изоставиме од нашите животи. Во таков дух и претпразнична атмосфера се снимаше “екстра” новогодишната програма на BalkanMusicTv во соработка со “Арт студио” – продукција. Истата изобилува со многу познати и популарни музички имиња кои со изборот на македонските бисери и хитови ќе ви ги збогатат деновите на новогодишното празнување.

Само за Вас ќе запеат нашите музички грла…Благица Павловска, Благоја Грујовски, Стојне Николова, Влатко Миладиновски, Елена Андоновска, Адријана Ацевска, Јуле Николовска, Ташко Каранфиловски, Ристе Гавровски, Оливер Алексовски, Димитар Андоновски, Ивана Серафимовска, Марија Качаниклиќ, Даце Николовски, Орде Неделковски, Благојче Стојановски – Туше, Живе Мешуревски и Марија Митревска сето тоа “зачинето” со неизбежниот Ферус Мустафов и неговиот магичен саксофон во комбинација со ориентална танчерка. Истите ќе ги придружува оркестарот на Златко Миладиновски со неговите докажани професионални музичари и инструменталисти кои сите нумери заедно со изведувачите ќе ги изведат во живо. Во текот на снимањето беа запазени сите протоколи пропишани за време на пандемија со што, за жал оваа година, изостанаа новогодишните честитки заедно со гушкања. Низ целата распеана вечер ќе ве води шармантната водителка Ирена Спировска која со своите топли зборови ќе ви посака музичко добредојде во вашите домови и ќе ви упати искрени честитки за Новата 2021 година…

Се на се, BalkanMusicTv се потруди оваа година на своите ценети гледачи да им понуди најквалитетни новогодишни мигови…и поради тоа што сите ќе бидеме во своите домови и покрај ТВ екраните, и поради фактот што гледачите заслужуваат во најраспеаните денови и празнувања да бидат заедно со своите омилени музички имиња. Започнувајќи од новогодишната ноќ, само за вас подготвивме многу музички изненадувања и пријатни уживања. Влезете во Новата 2021 година со празничната програма на BalkanMusicTv, празнувајте, веселете се и очекувајте ја нашата специјална новогодишна емисија за старата Нова година…затоа што за нас уште долго ќе се зборува во деновите што следат…денови кои посакуваме да ви бидат исполнети со многу здравје, среќа, љубов и се разбира многу музика…