Почетна > Ексклузивно > Од најдобрата музичка телевизија, за Бадник и Божиќ само најубави распеани вечери…

Од најдобрата музичка телевизија, за Бадник и Божиќ само најубави распеани вечери…

///
Comments are Off

Ова се денови кога сите ние си упатуваме најискрени честитки за добро здравје, среќа, радост и бериќет во домовите, љубов и топлина во секое срце и семејство. И кога сме си така со најблиските во таквите празнични моменти, единствено музиката го надополнува нашето расположение и ни ја продолжува среќата. А ние како најдобра музичка телевизија во моментов овде и пошироко во регионот, со нашата празнична програма ќе ви понудиме музика за сечиј мерак…за да ги поминете Бадник и Божиќ онака како што прилега.

Денес на овој преубав семеен празник, најнапред ќе можете да уживате во музиката и распеаната тајфа на Игор Димовски насловена како “Пауза за ракија 2” (19:30). Веднаш потоа во (20:00) ќе продолжиме со нашата “Новогодишна програма” која по многу нешта беше посебна оваа година…по нашата фолк дива Благица Павловска, по многуте распеани грла од македонската фолк сцена кои со своите изведби во живо ни покажаа како со музиката се дочекува благопријатно и еуфорично Новата година, по препознатливиот звук на неизбежниот Ферус Мустафов и по ориенталната танчерка која на моменти “ги раздрма” сите присутни во студиото. И тоа не е се, во пресрет на Христовото раѓање во исто темпо и енергија ќе продолжиме со специјалната “Бадникова емисија” (23:00) која ќе ви подари уште незаборавни македонски бисери и хитови…и секако ќе ве потсети на убавината и моќта на македонската песна врз слушателите.

Божиќното славење ќе го започнеме со музичкото шоу на група “Круна” која со својот музички избор нема да ве остави рамнодушни (19:30). А веднаш потоа во (20:00) и отстапуваме место на нашата бисерна Анета заедно со група “Молика” кои со своите изведби во живо ќе се потрудат да ги исполнат сите ваши музички желби…а нив се повеќе ги има. Се на се, BalkanMusicTv и овојпат се потруди да ви ги разубави овие Новогодишни празници за кои нашите стари рекле…”Кај и да си, за Бадник дома да си”…само овојпат истото важи и за Божиќ.