Почетна > Арт Студио Продукција > „Лешочки Фолк Фест“ – 15 години традиција и музика, ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија (Видео)

„Лешочки Фолк Фест“ – 15 години традиција и музика, ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија (Видео)

///
Comments are Off

На Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, „Балкан Мјузик“ телевизија им подготви на гледачите вистинска празнична програма исполнета со македонска песна, радост и традиција.

Во понеделник, со почеток од 20 часот, Балкан Мјузик телевизија ексклузивно ќе го емитува јубилејното 15-то фестивалско издание на „Лешочки Фолк Фест“ – еден од најпознатите фолклорни фестивали во земјава кој веќе една и пол деценија го негува македонскиот музички израз.

Оваа година фестивалската сцена ја исполнија бројни звучни имиња од македонската естрада. На фестивалската сцена настапија: Сузана Спасовска, Душко Ѓоргиевски, Лени Партикова, Круме Спасовски, Методија Столески, Перо Христов, Милица Кузмановска, Ибуш Ибраимовски, Нино Величковски и уште многу други врвни уметници кои ја претставија својата најнова музика.

Македонската публика, како и гледачите пред малите екрани, ќе имаат уникатна можност да уживаат во дури 20 нови композиции, кои оваа година ќе бидат претставени на јубилејното издание на „Лешочки Фолк Фест“. Покрај нив, накратко ќе бидат потсетени и на неколку највпечатливи изведби од минатогодишното издание, со што уште еднаш ќе се нагласи континуитетот и вредноста на овој фестивал.

„Лешочки Фолк Фест“ е фестивал што ја слави македонската песна, културното наследство и традицијата, а секое негово издание претставува празник за сите генерации на љубители на фолк – музиката.

„Лешочки Фолк Фест“ се реализира во соработка со Тетовско–Гостиварската епархија при МПЦ–ОА и Здружението „Источник“. Препознатливо лице на фестивалот и негова уметничка директорка е еминентната пејачка Сузана Спасовска, која со својата енергија и професионализам придонесува фестивалот да се развива во вистински културен амблем на регионот и на целата држава.

Не пропуштајте – овој понеделник, 8-ми септември од 20 часот, празничната вечер поминете ја со најдобрите македонски песни, само на програмата на Балкан Мјузик телевизија.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)