Почетна > Балкан > Интимната страна на Baby Lasagna: „Бракот е свет, а татко сакам да бидам одамна“

Интимната страна на Baby Lasagna: „Бракот е свет, а татко сакам да бидам одамна“

///
Comments are Off

Во најновата епизода на подкастот на Ива Краљевиќ, харизматичниот Марко Пуришиќ, познат како Baby Lasagna, повторно ја освои јавноста – овојпат со својата искреност, хумор и емотивност. Од музички визии до интимни детали од брачниот живот, Baby Lasagna отвори нова страница пред своите фанови.

„Сакам да експериментирам во музиката. Би работел и со Miach и со Grše, зошто да не?“, вели Марко, не кријќи дека не се плаши да излезе од рамките на жанровите. Шеговито додава:

„Би снимил и некоја “чајка”, само да ми дозволи Елизабета. Ја наговорувам – ќе биде Marko featuring Breskvica или Лепа Брена!“.

Тој остава впечаток на уметник кој е подготвен на сè, сè додека е искрено и автентично. Можеби токму затоа публиката го сака – не се преправа, туку постои „без маска“.

Една од најемотивните изјави дојде кога зборуваше за својата желба да стане татко:

„Тоа е нешто свето, изнад мене. Се гледам како татко одамна и подготвен сум кариерата да ја прилагодам на таа улога. Нема долги турнеи ако ме требаат дома – доволно за да ги издржувам, ама да сум присутен“, додава тој. Овие зборови ја откриваат зрелоста на Марко – музичар кој ја гради иднината со срце, но и со одговорност.

Говорејќи за сопругата Елизабета, со која се венчаа во октомври 2024 во родното Завршје, Марко откри интересен пристап:

„Предложив да живееме одвоено првите неколку месеци додека се снајдеме. Таа мислеше дека тоа е лудост, а за мене беше нормално – така живееле и моите баба и дедо. Важно беше да се венчаме“.

Иако сакале интимна церемонија, не можеле да избегнат медиумско внимание.

„Се изнервирав кога видов фотограф што се криеше. Го познавав, му реков да си оди. Ми беше криво – не очекував никого. После тоа излегоа и некои лажни информации“, признава тој.

Baby Lasagna успева да биде и рокер, и шегобиец, и чувствителен човек. Во еден подкаст спои музика, љубов, семејство и визија за иднината – на свој начин. Без филтри. Токму така како што е и неговата музика.

Може да ви се допаѓа и
На 19 јули во Охрид: Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ (Фото)
Заврши големата и успешна Австралиска турнеја на Борче Наумовски (Министерот за естрада) и неговите музички соработници (Фото)
И оваа вечер нека биде „На Здравје“ – Вечер исполнета со музика, емоции и искрени моменти (Видео)
Успешно одржано првото издание на „Фолк Фест Владимирово“ (Фото)