Почетна > Балкан > Мишо Ковач добива своја филмска балканска приказна

Мишо Ковач добива своја филмска балканска приказна

///
Comments are Off

Најголемата икона на хрватската музичка сцена, легендарниот Мишо Ковач, конечно ќе добие своја голема филмска приказна. Во подготовка е долгометражниот биографски филм со работен наслов „Мишо“, кој ќе ја раскаже животната сага на човекот чии песни станаа химни на емоциите за генерации низ Хрватска и поранешна Југославија.

Филмот ќе го следи Мишо од неговите први чекори, преку блескавата кариера, до денешниот статус на жива легенда. За улогата на Ковач ќе бидат ангажирани неколку актери – за различни фази од неговиот живот – а според неофицијални информации, еден од нив би можел да биде харизматичниот Горан Богдан, во улога што може да му ја одбележи кариерата.

Сценариото го потпишува Милана Влаовиќ-Ковачек, која последните две години темелно ја истражува животната и музичката историја на Ковач, преку разговори со самиот пејач, неговото семејство и најблиските соработници. Нејзиниот тим е засилен со наградуваниот режисер Пјер Жалица, а на режисерската столица ќе седне признатиот Винко Брешан, познат по својот уникатен филмски израз.

„Мишо е херој на нашето време. Неговиот живот е балканска епопеја полна со срце, борба и носталгија“, вели Влаовиќ-Ковачек. А самиот Мишо, скромен како и секогаш, кусо изјави:

„Знам што правеше Брешан во животот… и го почитувам тоа“.

Снимањето започнува кон крајот на летото, а љубителите на музиката, филмот и легендите веќе нетрпеливо го очекуваат првото „стаклено ѕвоно“ на оваа голема киносага.

Може да ви се допаѓа и
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости
Сергеј Ќетковиќ приреди две одлични магични вечери во центарот на Скопје
Оливер повторно пее: „Dolaziš“ – нов албум со 12 неиздадени бисери (Видео)