Почетна > Македонија > И оваа вечер нека биде „На Здравје“ – Вечер исполнета со музика, емоции и искрени моменти (Видео)

И оваа вечер нека биде „На Здравје“ – Вечер исполнета со музика, емоции и искрени моменти (Видео)

///
Comments are Off

Ако мислевте дека сме ве заборавиле, се лажете! И вечерва, точно во 20:00 часот, најдобрата и единствена музичка телевизија Балкан Мјузик ви подготви нова епизода од омилениот серијал „На Здравје“ – емисија која не само што забавува, туку и допира до срцето.

Очекувајте вечер исполнета со многу музика, хитови, рефрени кои будат спомени, и песни што понекогаш тивко, но моќно, ја разбудуваат секоја емоција. Тие моменти кога солзата сама се спушта по образите – тоа е магијата на „На Здравје“.

Водени од вербата во добрината и заедништвото, со позитивна мисла и енергија што инспирира, оваа емисија потсетува дека човекот е создаден за убави работи – убави пријателства, моменти и сеќавања.

И вечерва, домаќини на забавата се неповторливата група Круна и харизматичниот Орде Неделковски, а на сцената ќе им се придружат внимателно одбрани музички гости кои ќе внесат свежина и душа во секој тон.

Не заборавајте – вечерва, 20 часот, само на Балкан Мјузик.

„На Здравје“ – каде што музиката станува емоција, а емоцијата – спомен за цел живот.

Подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости
Сергеј Ќетковиќ приреди две одлични магични вечери во центарот на Скопје
Оливер повторно пее: „Dolaziš“ – нов албум со 12 неиздадени бисери (Видео)