Почетна > Македонија > Фолк легендата Миле Кузмановски со голем јубилеен концерт во МОБ – 35 години музика и емоции

Фолк легендата Миле Кузмановски со голем јубилеен концерт во МОБ – 35 години музика и емоции

///
Comments are Off

Во пресрет на новогодишните празници, на 24-ти декември, познатиот фолк-пејач Миле Кузмановски ќе одржи свечен јубилеен концерт во Македонската опера и балет (МОБ), со кој ќе ја одбележи својата импресивна 35-годишна музичка кариера. Настанот ветува вечер исполнета со емоции, спомени и незаборавни хитови што го одбележаа времето.

Кузмановски, кој зад себе има повеќе од 130 снимени песни, ќе биде придружуван од камерен оркестар, што на концертот ќе му даде посебна уметничка димензија и елеганција.

„Времето летна, еве дојдовме до 35 години од мојата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи е невозможно сите да ги отпеам. Секако дека ќе ги пеам „Не кани ме“, „Крал без круна“ и уште многу други. Планирам и гости, но нека остане изненадување“, изјави Кузмановски за Балкан Мјузик.

Во текот на својата долга кариера, Миле Кузмановски остави длабока трага на македонската фолк и естрадна сцена, градејќи препознатлив стил кој ги спојува традицијата и современоста. Минатата година ја промовираше песната „Срце храбро“, дело кое ја врати публиката во духот на староградската и боемска музика – но на современ начин, без традиционални народни инструменти.

Концертот во МОБ ќе биде ретроспектива на неговата уметничка приказна, потсетник на сите генерации што израснаа со неговите песни, но и вовед во едно ново поглавје во кариерата на овој истакнат уметник.

Вечерта на 24-ти декември се очекува да биде исполнета со топлина, емоции и благодарност, достојна на човек кој повеќе од три децении ја збогатува македонската музичка сцена.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Додека Македонија ги брои изборните резултати, „На Здравје“ ќе ги брои песните – трета епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)
„Ориентал Бенд“ прослави 14 години успешна кариера, музичка магија и многу забава (Видео)
18 години без Тоше – човекот што ја научи Македонија да сака (Видео)
Елена Велевска, Лени Партикова, Горан Стоилков и уште многу други музички гости во новата епизода на „На здравје“ (Видео)