Почетна > Балкан > „Бисер Јадрана 2025“ – Музичко патување кон врвот

„Бисер Јадрана 2025“ – Музичко патување кон врвот

///
Comments are Off

Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана“ повторно ги отвора своите врати за талентираните изведувачи од регионот. Со гордост ве покануваме да бидете дел од ова престижно музичко случување, кое ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јули 2025 година во прекрасниот Тиват.

Од 14-ти февруари до 14-ти мај 2025 година, изведувачи од Македонија, БиХ, Србија, Хрватска и Словенија имаат можност да аплицираат за учество на „Регионалната вечер“ која ќе се одржи на 19-ти јули. Композициите што се пријавуваат не смеат да бидат претходно објавени или изведени.

Процес на пријавување:

  • Испратете ја вашата композиција во mp3 формат (демо верзија) на: biserjadranakonkurs@gmail.com
  • Доставете биографија и две професионални фотографии на изведувачот.
  • Наведете го името на авторот на музиката, текстот и аранжманот.
  • Писмено потврдете дека сте автор/ка и дека се согласувате песната да учествува на конкурсот.
  • Доставете телефонски број за контакт.

На 18-ти јули ќе се одржи т.н. „домашна вечер“ (само за изведувачи од Црна Гора, 20 учесници). Осумте најдобри ќе се натпреваруваат и следната вечер. Следната вечер, 19-ти јули ќе се одржи „регионалната вечер“ (20 учесници од поранешна Југославија, вклучувајќи ги и осумте најдобри од претходната вечер).

Организаторот гарантира ТВ-пренос во живо, медиумска промоција и вреден награден фонд од 12.000 евра. Финалниот избор на композициите ќе биде објавен најдоцна до 10-ти јуни 2025 година, а финалните аранжирани верзии треба да се испратат до 1-ви јули. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од магијата на „Бисер Јадрана“ – местото каде што музиката живее!

Може да ви се допаѓа и
По 14 години, Марјан Коцев конечно собра сила да ја раскаже најличната музичка приказна (Фото)
Игор Андреевски со емотивна музичка приказна: „Дај ми рака татко“ ќе допре до срцето на секој слушател (Фото)
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)