Почетна > Арт Студио Продукција > Бендот што не мирува: „Адреналин бенд“ со експлозија на проекти во 2025 (Фото)

Бендот што не мирува: „Адреналин бенд“ со експлозија на проекти во 2025 (Фото)

///
Comments are Off

„Адреналин бенд“, познат по својот богат репертоар кој обединува македонска и балканска музика, во 2025 година ја започнува својата најамбициозна етапа досега. Со јасна визија и силна желба за унапредување на македонската музичка сцена, тимот ја менува музичката стратегија, насочувајќи се кон проекти од висока светска класа — и аудио и визуелно.

Под водство на огромна амбиција, сложност и заедничка страст, „Адреналин бенд“ заедно со најдобрите, Арт Студио продукција, неодамна го сними својот прв свадбарски сплет со добро одбрани и селектирани народни македонски песни и видео со врвен квалитет. Во ова видео, идните младенци ќе имаат можност да ја видат својата љубовна приказна преточена во визуелна реалност, со креативност која поставува нови стандарди во домашната продукција.

Но, ова е само почеток. За само неколку дена, тимот продолжува со снимање на нов балкански видео проект (сплет на најпознатите балкански песни), кој ќе понуди модерен аранжман и автентична локација под ведро небо. По него, ќе следи цела низа нови, шаренолики содржини што ќе ја збогатат понудата и ќе ја освојат публиката.

Паралелно со овие проекти, „Адреналин бенд“ активно соработува со блиски колеги и учествува во значајни иницијативи што директно ја поддржуваат македонската музика. Сите активности се дел од поширока мисија за создавање траен континуитет и градење на автентична приказна, во која публиката ќе го пронајде токму она што го посакува.

„Сѐ што правиме, го правиме со љубов — во името на квалитетот, а не за слава“, велат од тимот на „Адреналин бенд“. 2025-та е нивната година за нови победи, нови звуци и нови сништa што се претвораат во реалност.

Може да ви се допаѓа и
Неда Украден го прослави 75-тиот роденден на плажа – „Годините се само број“ (Фото)
Тајната операција на Цеца: Осум часа под нож во Истанбул
Легендата на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, добива вечно место во градот Пула
Три децении традиција: „Охрид фест“ по 32-ри пат повторно центар на музичкиот свет (Фото)