Почетна > Македонија > Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)

Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Изминатиот викенд во Сокобања заврши 63. издание на Меѓународниот фестивал „Прва хармоника Србије“, една од најстарите и најреномирани манифестации посветени на хармониката во регионот. Фестивалот и оваа година собра повеќе од сто натпреварувачи од Србија, Македонија, Хрватска и Австрија, потврдувајќи дека традицијата долга повеќе од шест децении продолжува да живее со ист интензитет.

Посебно внимание годинава привлече и присуството на македонскиот хармоникаш, музичар, композитор, автор и универзитетски професор Јове Кекеновски, кој беше дел од стручната комисија задолжена да ги оцени најдобрите млади хармоникаши.

Кекеновски, кој со децении е препознатлив како еден од најдобрите познавачи на хармониката во регионот, беше рамо до рамо со врвни музички авторитети како Миќа Мијатовиќ, Новица Николиќ Патало, Бранка Крењевац и минатогодишниот победник Андрија Младеновиќ. Неговото присуство во жирито претставува уште едно значајно признание за македонската музичка школа и за неговата долгогодишна работа на полето на инструменталната музика.

Покрај богатата академска кариера, Јове Кекеновски зад себе има и импресивен музички опус. Автор е на повеќе од 50 инструментални композиции за хармоника, а уште од најрана возраст бил повеќекратно наградуван на престижни натпревари низ поранешна Југославија. Неговото искуство и музичко знаење беа драгоцени при изборот на најдобрите меѓу бројните таленти кои настапија на фестивалската сцена.

Во текот на трите фестивалски вечери, публиката имаше можност да проследи настапи на најдобрите млади хармоникаши, ревијални концерти и богата музичка програма, додека жирито имаше исклучително тешка задача да ги избере најуспешните во сите натпреварувачки категории.

Учеството на Јове Кекеновски на ваква престижна музичка манифестација уште еднаш потврди дека македонските музички уметници се високо ценети и надвор од границите на државата. Неговото име повторно се најде меѓу најреспектираните авторитети во светот на хармониката, а ангажманот во Сокобања претставува уште едно значајно признание за неговата долгогодишна посветеност, професионализам и придонес во развојот на оваа музичка уметност.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Љупчо Соколовски открива што ја очекува публиката на Фолк вечерта: „Фолк вечерта на „Охрид Фест“ носи внимателно избрана програма“
По емотивната „Имам се“, Стефан Величковски изненади со летната „Карта“ – песна што ќе ви остане во глава (Фото+Видео)
Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)