Почетна > Арт Студио Продукција > Артист Бенд слави 5 години: Голем концерт, нова авторска песна и ново музичко поглавје (Фото+Видео)

Артист Бенд слави 5 години: Голем концерт, нова авторска песна и ново музичко поглавје (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Со многу музика, емоции и благодарност кон публиката, Артист Бенд годинава го одбележува својот прв голем јубилеј – пет години активно присуство на македонската музичка сцена.

Она што започна како идеја исполнета со ентузијазам, љубов кон музиката и желба секој настап да биде посебно доживување, денес прерасна во препознатливо музичко име кое зад себе има стотици настапи, илјадници испеани песни и безброј незаборавни моменти споделени со својата публика. Во текот на изминатите пет години, Артист Бенд беше дел од најубавите животни приказни на многу семејства и пријатели – свадби, веселби, концерти и различни свечености. Преку музиката создаде искрени пријателства и ја доби довербата на публиката, која денес претставува најголема инспирација за новите предизвици.

По повод јубилејот, бендот најавува голем настан што ќе се одржи во септември. Покрај изведбата на досегашните авторски композиции, посетителите ќе имаат можност премиерно да ја слушнат и петтата авторска песна, со што симболично ќе биде заокружен првиот петгодишен циклус од нивната музичка приказна.

Паралелно со подготовките за концертот, Артист Бенд продолжува и со реализацијата на проектот „Музичка прошетка низ Балканот“, преку кој ги оживува најпознатите балкански хитови. Проектот има цел да ја истакне музиката како универзален јазик што ги поврзува луѓето без разлика на националноста, културата или традицијата, испраќајќи порака за заедништво, почит и љубов кон богатото музичко наследство на Балканот. Проектот е во реализација со најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

Од бендот велат дека ова е само почеток на едно уште поголемо музичко патување. Во периодот што следува најавуваат нови авторски песни, интересни проекти, соработки и настапи, а септемвриската прослава ќе биде можност заедно со публиката да ги одбележат првите пет години исполнети со музика, емоции и прекрасни спомени.

До тогаш, љубителите на нивната музика ќе можат да уживаат во новите музички обработки – кавери кои Артист Бенд редовно ги објавува, како увертира за големата прослава што следува во септември.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)
Кога музиката ги обединува генерациите – незаборавен фестивалски викенд во Пехчево
По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)
Ова лето патувајте безгрижно со Crvo Express – луксузни одмори во Грција и Бугарија по најповолни услови (Фото)