Уште една недела со најгледаниот музички серијал во Македонија – „На Здравје“, емисија која веќе одамна прерасна во препознатлив викенд-ритуал за љубителите на добрата музика.
Во најновото издание, гледачите повторно ќе уживаат во многу хитови, познати рефрени и македонска музика, изведена од артисти кои со своите интерпретации знаат како да изненадат и да предизвикаат емоција. „На Здравје“ останува место каде што музиката не е само слушана, туку и доживеана.
Секогаш расположени за убава атмосфера и позитивна енергија, викендите во оваа емисија добиваат уште поголем интензитет и динамика. Комбинацијата од добро познати песни и свежи музички моменти ја прави секоја епизода различна, а сепак препознатлива.
И оваа недела пораката е јасна – нека е на здравје, со добра музика, позитивни вибрации и вистинска балканска емоција. Следете го „На Здравје“ и оваа недела ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија, со почеток во 20 часот.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






