Почетна > Македонија > Десет години без Уснија Реџепова: Жената што остави вечен печат во музиката (Фото)

Десет години без Уснија Реџепова: Жената што остави вечен печат во музиката (Фото)

///
Comments are Off

Уснија Реџепова останува една од највпечатливите музички имиња на просторите на поранешна Југославија. Со својот неповторлив глас, харизма и топлина ја освојуваше публиката, а со хуманоста ги инспирираше сите што ја познаваа. Но, зад светлината на сцената и насмевката што пленеше, се криеше приказна исполнета со големи лични загуби и тешки животни битки.

Иако обожавана од илјадници, Уснија целата своја љубов ја вложи во еден маж – својот сопруг, кој ненадејно почина во 2005 година. Од тој момент нејзиниот живот никогаш повеќе не беше ист. „Се’ изгуби смисла без него“, знаеше да каже, а болката од таа загуба ја носеше до последниот здив.

Во последните години, пејачката се соочи со сериозни здравствени проблеми. По операциите на срцето, следуваше долгогодишна борба со тешка болест која ја остави без сила. Последните денови ги минуваше прикована за постела, со кислородна поддршка, често без свест, но со достоинство што никогаш не ја напушти.

На 1 октомври 2015 година, Уснија ја изгуби најтешката битка. Беше погребана три дена подоцна, на сончев ден во Скопје, во муслиманскиот дел на гробиштата во Бутел – токму онака како што самата посакала.

Иако на погребот не присуствуваа многу колеги од музичката сцена, нејзините песни продолжуваат да живеат. Публиката ја памети како голема дива, жена која ја претвори музиката во вечност.

Животот ја казни со болка и осаменост, но токму музиката ја направи бесмртна. И денес, кога ќе зазвучат нејзините најубави ноти, се потсетуваме дека Уснија Реџепова беше повеќе од пејачка – таа беше глас, емоција и спомен што не исчезнува.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Неготино ќе пулсира во ритамот на музиката – доаѓа „Неготинската музичка вечер“
75 години стил и харизма: Јосипа Лисац – „Мала пауза пред она што доаѓа“ (Фото)
„Лепа Брена“ како бренд – во САД се продава леб со името на балканската ѕвезда
„Лешочки Фолк Фест“ – 15 години традиција и музика, ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија (Видео)