Почетна > Македонија > Неготино ќе пулсира во ритамот на музиката – доаѓа „Неготинската музичка вечер“

Неготино ќе пулсира во ритамот на музиката – доаѓа „Неготинската музичка вечер“

///
Comments are Off

Општина Неготино и оваа година ја организира традиционалната „Неготинската музичка вечер“, која ќе се одржи на 19-ти септември на градскиот плоштад со почеток во 21:30 часот и ќе донесе вистински спектакл за сите генерации.

На сцената најпрво ќе настапи Жаре бербер, кој ќе ја загрее публиката со својот препознатлив стил. Главната ѕвезда на вечерта е една и единствена – Милица Павловиќ, чиј настап ветува врела атмосфера и хитови што сите ги пееме. А за финале, забавата продолжува до доцна во ноќта со сетови на ди-џеј Тодороф, кој ќе донесе урбани звуци и одличен парти-шмек.

Водител на вечерта ќе биде Стефан Лазаров.

Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани – од Неготино, соседните општини, па и од цела Македонија:

Дојдете да ја почувствувате магијата на музиката, да пееме и да се забавуваме заедно под отворено небо!“.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Немања Денчиќ со нов сингл: Моќна емоција, современ аранжман и впечатлив видеоспот (Фото+Видео)
Легендата што живее во нас: 45 години од раѓањето на Тоше Проески (Фото)
Потпевнување, добро расположение и вистински звуци – неделна музичка забава на Balkan Music TV (Видео)
Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)