Почетна > Балкан > Александра Пријовиќ со нова фотографија – одбројувањето до породувањето започна (Фото)

Александра Пријовиќ со нова фотографија – одбројувањето до породувањето започна (Фото)

///
Comments are Off

Српската пејачка Александра Пријовиќ, која ретко споделува моменти од својот приватен живот на социјалните мрежи, овојпат ги изненади своите следбеници со фотографија на која позира во елегантен цветен фустан, гордо истакнувајќи го својот труднички стомак. Објавата ја придружи со песочен часовник – симболично најавувајќи дека одбројувањето до големиот момент веќе започнало.

Александра и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, очекуваат девојче, а веќе го имаат синот Александар, кој неколкупати се појави на сцената заедно со својата мајка, вклучително и на спектаклот во „Арена Загреб“.

Според пишувањата на српските медиуми, пејачката ќе ја помине бременоста во Мајами, каде што ужива во семејната идилија и оддалеченоста од јавниот живот. Во јануари годинава, Александра ја потврди веста дека е бремена и најави кратка пауза во кариерата, за целосно да се посвети на семејството.

Во едно неодамнешно интервју, таа откри дека долго време сонувала за ќерка:

„Најважно ми е моето семејство секогаш да е добро. Би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имам ќерка“, изјави таа.

Се чини дека оваа желба конечно ѝ се остварува, а нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат денот кога пејачката ќе ја сподели радосната вест за раѓањето на нејзината принцеза.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик телевизија

Може да ви се допаѓа и
„Гратче мое убаво“ триумфираше на „Фолк-фест Валандово 2026“ – Кико ја освои публиката и жирито
„Кога пеам за нас“ – нов музички проект создаден со страст, пријателство и многу музичка љубов (Фото)
Неделна музичка дружба со „На Здравје“ – добра песна, весела атмосфера и многу емоции (Видео)
Борче Наумовски – Министерот сними видеоспот за најновата „Моја љубов, моја судбина“ – емотивна приказна за вечната љубов (Фото)