Почетна > Македонија > Македонски ѕвезди ја освоија публиката во Бихаќ: Ленче Кукиќ и Јове Кикеновски со блескав настап на „Фестивалот на љубовта“ (Фото)

Македонски ѕвезди ја освоија публиката во Бихаќ: Ленче Кукиќ и Јове Кикеновски со блескав настап на „Фестивалот на љубовта“ (Фото)

///
Comments are Off

Реката Уна овие денови пее во ритамот на љубовта. Од 11-ти до 13-ти август, градот Бихаќ во Босна и Херцеговина е домаќин на 31-то издание на „Фестивалот на љубовта“, кое обединува два големи музички спектакли – „Севдах фест“ и „Фестивалот на народната музика – Бихаќ 2025“. Над 70 музички имиња од цел регион, три дена исполнети со емоции, и илјадници посетители што уживаат во магијата на живата музика.

Екипата на Балкан Мјузик телевизија овие денови беше дел од големото музичко случување во Бихаќ, кој обедини повеќе врвни изведувачи од регионот. Нашата екипа која беше дел од фестивалот ќе Ви ги пренесе најинтересните моменти и делови од настапите на омилените пејачи, за да ја почувствувате атмосферата како да сте биле таму. Нашата телевизија – Балкан Мјузик телевизија, со гордост беше и ексклузивен медиумски партнер на фестивалот од Македонија, а за својот придонес во промоцијата на настанот доби и почесна благодарница – уште едно признание за нашата мисија да ја поддржуваме и шириме македонската музика и музиката од Балканот.

На овој реномиран балкански музички фестивал, свое место оваа година имаа и македонски уметници кои нашата земја ја претставија во најдобро можно светло. Нашата Македонија ја промовираа една од најпознатите македонски фолк пејачки во регионот, на Балканот и пошироко – Ленче Кукиќ и надалеку познатиот македонски виртуоз на хармоника – професорот Јове Кикеновски. Тие настапија ма 11-та август (првата вечер) во рамките на „Севдах фест“, оставајќи силен впечаток со својот раскошен талент, сценски шарм каде истовремено ги стоплија срцата на публиката со својата изведба и емоција, и оставија впечаток кој долго ќе се памети.

„Присуството на македонскии претставници на најголемиот фестивал во БиХ – Бихаќ 2025 година е резултат на моето познанство со главниот идеолог, основач и организатор на фестивалот Г-дин Дилвад Дадо Фелиќ (познат културен деец во БиХ). Нашето пријателство се должи на нашето учество во жири-комисијата на фестивалот на СЕЗАМ продукција од Белград минатата година каде јас и Дилвад бевме членови на комисијата. Уште тогаш Дилвад ме замоли да бидам член на жири-комисијата на фестивалот, но пради тоа што истиот наместо натпреварувачки доби ревијален карактер бев замолен да настапам како бивш познат хармоникаш од Македонија. Лично се заложив на фестивалот да земе учество и еден македонски пеач, а мојот избор беше Ленче и Горан Кукиќ. Речено сторено (за жал Горан имаше други обврски) и ние допатувавме во Бихаќ. Се рабoти за 31 издание на Фестивалот. По мојот настап пријатно бев изненаден кога водителите ме задржаа на бината и ми врачија Плакета и Одлука за мој избор за почесен Амбасадор на фестивалот. Ова за мене беше големо признание и чест, но мислам дека е признание и за Р. Македонија и македонсквото музичко творештво. Естрадниот уметник Ленче Кукиќ и овде во БиХ е голема ѕвезда, а сето ова го потврди со нејзиниот настап со кој не само што го надгради личниот имиџ туку и во прекрасно светло ја претстави нашата држава. Нејзиниот настап предизвика бура овации кај публиката и со право е почитувана рамо до рамо со најголемите и најпопуларни вокали на Балканот“, изјави Јове Кикеновски ексклузивно за Балкан Мјузик телевизија.

А Ленче Кукиќ пак, своите впечатоци и искуство од овој надалеку познат музички фестивал, во оваа пригода за телевизија Балкан Мјузик го изјави следново:

„Прекрасно доживување во Бихаќ… За прв пат покрај пријателството на Јове Кикеновски со организаторот на фестивалот Дадо Фелиќ, и јас сум дел од „Фестивалот на љубовта“ во Бихаќ. Чест ми е што како гост од Македонија со мојот настап, токму со мојот повеќе децениски хит „Јоване јорговане“ одекна ведриот македонски девет осмински ритам и ја разведри публиката која уживаше заедно со мене и ме награди со еден громогласен аплауз. Организацијата на фестивалот беше на високо ниво со прекрасна сцена и голем број на изведувачи кои на ова поднебје се доста популарни. Во овие три вечери настапуваат повеќе од 90 изведувачи меѓу кои и мои блиски и добри пријатели од „Никогаш не е доцна”. Но со позитивна атмосфера на повидок и нови песни, нови соработки и нови пријателства, што е всушност и поентата и на фестивалот”.

Покрај настапот, македонските музички претставници имаа прошетка низ живописните улици на Бихаќ и официјална средба со градоначалникот, каде разговараа за културна размена и идните соработки.

Организаторот Дадо Фелиќ ја изрази својата благодарност за континуираната соработка и најави нови заеднички проекти во иднина.

„Впецатоците од она што досега помина се навистина предобри и големи, емоциите исто така се на високо ниво се надевам дека читателите и гледачите на Балкан Мјузик телевизија ќе ја почуствуваат оваа моја позитивна аритмија која што е моментално во моето срце. И останатите да прочитаат и да знаат дека и тука во Босна сте исто така гледани и премногу слушани. На првата вечер настапија околу 32 изведувачи со свои песни на сцената, а верувајте и во публиката имаше доста од нив кои го следеа фестивалот. Вчера вечер имаше страшана еуфорија, посебно за нашите гости од Македонија кои секогаш со задоволство и посебна чест ги слушаме нивните песни на македонски. Поздрав до Вашите читатели, гледачи и сите Македонци, по деталната видео и аудио монтажа ексклузивно гледачите на Балкан Мјузик ќе имаат прилика да го погледнат нашиот фестивал и да се уверат во се она што се случуваше и се случува овие денови во Бихаќ”, изјави за Балкан Мјузик, Дадо Фелиќ организатор и директор на „Фестивалот на љубовта“.

Фестивалот завршува на 13-ти август со големо финале на „Фестивалот на народната музика – Бихаќ 2025“ каде како специјални гости на вечерта на сцената ќе се појават „двајцата кралеви и кралица” – Нихад Алибеговиќ, Аднан Незиров и Снежана Ѓуришиќ.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Фотографии: Организација на „Фестивал на љубовта“

Може да ви се допаѓа и
Неда Украден го прослави 75-тиот роденден на плажа – „Годините се само број“ (Фото)
Тајната операција на Цеца: Осум часа под нож во Истанбул
Легендата на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски, добива вечно место во градот Пула
Три децении традиција: „Охрид фест“ по 32-ри пат повторно центар на музичкиот свет (Фото)