Почетна > Ексклузивно > Нов музички проект на велешката позитива “Extreme band”…

Нов музички проект на велешката позитива “Extreme band”…

///
Comments are Off

Годините што поминале во заедничка работа и дружење се секогаш доказ дека си со вистинските луѓе и во вистинската професија. Со сите нив го делиш истиот подиум и истата маса од ден во ден до бесконечност….затоа што музиката нема никогаш крај. Од секој град ни доаѓа по некој бенд што си го знаат и сакаат најпрво неговите сограѓани, а потоа и пошироката публика. А имиџот и добриот глас се стекнуваат низ годините….и потоа резултатите си доаѓаат сами по себе….

Неодамна “Extreme band Veles” во соработка со “Арт студио” – продукција го реализираа својот нов музички проект кој опфаќа преработки на десетина народни и забавни песни. Засега нивниот фокус е ставен само на музиката која ја свират по семејните веселби и забави, но желбата за своја авторка песна сакаат да ја исполнат догодина, за својот 10-годишен јубилеј. Оваа музичка дружина ја сочинуваат Ангел Петрушев (клавијатура), Маријан Ставревски (клавијатура), Дарко Димов (гитара/вокал), Виктор Наковски (саксофон/кларинет), Зоран Гроздановски (ударни инструменти) и вокалот Иван Милевски, свој на свој начин….

“Extreme band Veles”…екстремни од крајност во крајност, од народно до забавно, а добро ги “владеат” и балканските хитови. Сето она што го бара публиката, сето она што значи забава и опуштање, но најмногу сето она што значи доказ дека се негува македонската народна музика…