Почетна > Ексклузивно > Кажете ДА за новото видео на “Ориентал бенд”…

Кажете ДА за новото видео на “Ориентал бенд”…

///
Comments are Off

Кажете ДА за среќата, младоста и љубовта…

Кажете ДА за радоста, животот и надежта…

Кажете ДА за сите што ја шират позитивата околу себе…

А во ТИЕ несомнено спаѓаат и нашите “Ориентал бенд” кои као порачани во ова лудо време – невреме ни ја подарија својата нова песна “Кажи да”. Велам како порачани, затоа што по првото нејзино слушање ќе почувствувате поинаква енергија која ќе ви го разубави денот…поради ритамот, младите луѓе, нескротливиот темперамент на Лидија Паскова кој секогаш делува благопријатно врз публиката. Комплетен автор на песната е Никола Дафов (Ориентал бенд) кој со право ја погодил својата колешка онаму каде таа е најуспешна – во овој весел ритам. Екипата која работеше на видеото е режисерот Ненад Витанов и “Арт студио” – продукција, соработка која повторно се покажа како успешна. Ова е песна која се пушта за да “ти тргне” денот како што треба. Ова се звуците на “Ориентал бенд” кои долги години се закон во Тиквешијата и пошироко затоа што освен целиот репертоар со кој располагаат, тие сепак во себе ја носат онаа посебна нишка…ритамот кој дава живот, среќа и шири љубов.

Кажете ДА за прекрасните “Ориентал бенд”….секогаш и во секое време!!!