Почетна > Ексклузивно > “Адреналин бенд” – со музика за 100% уживање…

“Адреналин бенд” – со музика за 100% уживање…

///
Comments are Off

Ветено – сторено. На својата публика и верни обожаватели “Адреналин бенд” им ги подари своите два нови кавери “Боже чувај ја од зло” и “Усни на усни”. Истите се работени во соработка со студио “Анастасија” и “Арт студио” – продукција и затоа звучат одлично во живо во една лежерна пријатна атмосфера. Не случајно се одбрани едни од најубавите песни на нашиот Тоше Проески, песни кои се секогаш на нивниот богат репертоар и публиката сака постојано да ги слуша…

И затоа уживајте, слушајте добра музика и бидете во добро расположение заедно со нашите “Адреналин бенд” и фреквенцијата на BalkanMusicTv…