Почетна > Балкан > Војаж ја потврди разделбата со Тамара: „Се посветувам на кариерата“

Војаж ја потврди разделбата со Тамара: „Се посветувам на кариерата“

///
Comments are Off

Српскиот рапер Михајло Веруовиќ – Војаж откри дека неговата врска со Тамара Кујачиќ е завршена, нагласувајќи дека разделбата била мирна и без несогласувања.

„Се разделивме сосема нормално, помина некое време. Решив да се посветам на кариерата и да работам на себе во наредниот период. Ми претстои и филмска улога, но сѐ уште не можам да зборувам за тоа, и нов албум до крајот на годината“, изјави Војаж за Информер.

Раперот претходно сподели дека љубовта на далечина била еден од предизвиците во врската, но секогаш верувал во нејзината сила.

„Нејзе и замерувам што живее на 2000 километри од мене. Но, љубовта нема граници и јас се залагам за тоа. Кога некој доволно се сака себеси, нема граници“, изјави тој во „Цеца шоу“.

Покрај музиката, Војаж ќе се фокусира и на нови проекти, а со нетрпение очекува да го сподели својот следен чекор со фановите.

Може да ви се допаѓа и
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)