На љубителите на традиционалната македонска песна сигурно им е позната групата “Круна”, која веќе подолго време е меѓу најбараните, кога е во прашање свадба или веселба. Одржувањето добра атмосфера е показател за нивната професионалност.
Иако имаат оставено стотици преработки, кои ги имаат изведено во својот препознатлив стил, репертоарот го надградуваат постојано со своја авторска музика.
“Наде моме убаво” е нивниот нов проект, сниман во старата скопска чаршија, буквално преселена приказна во едно постаро и поинакво време, каде љубовта се јавува спонтано и срамежливо се интерпретира преку чувствата.
Уживајте!
Музика: Горан Мирковски Текст: Далибор Ѓошиќ/ Аранжман: Џељо Дестановски
Хармоника: Мишел Трајковски
Бас гитара: Горан Гешовски
Тамбура: Кристијан Јаневски
Клавијатура: Роберт Јосимовски
Тапани: Влатко Китановски
Зурла и тапан: Џељо Дестановски
Костими: Студио Етнос
Актери: Симона Велковска и Мартин Цветковски