Почетна > Македонија > Од прва, па “Единствена” – првенчето на Никола Станишиќ

Од прва, па “Единствена” – првенчето на Никола Станишиќ

///
Comments are Off

Никола Станишиќ е ново лице на естрадата, кое веќе подолго време го среќаваме во регионалните талент шоуа, како “Пинковите ѕвезди” и “Ѕвездите на Гранд”, а сега и официјално со нас ја споделува првата своја авторска песна.

“Многу сум му благодарен на Ване Јанев, колегата со кого настапувам веќе подолг период, кој ми ја подари оваа песна, цврсто верувајќи во идејата дека настапите треба да ги збогатам и со своја авторска музика.” – вели Станишиќ.

Пејачот вели дека не застанува тука. Моментално работи на својот втор проект, спот и песна во соработка со “Гранд Продукција”, со која ќе го опфати и српскиот музички пазар, а очекувано е да го реализира по новогодишните празници.

“Во Македонија има многу талентирани млади пејачи, но сме во дефицит со менаџерски тимови и продукции, кои едноставно би застанале зад нив. Српскиот музички пазар е на едно друго ниво и разбирливо е што нашите пејачи се заинтересирани да се пронајдат во него.” – додаде Станишиќ.

Му посакуваме успех во кариерата!

Спотот е снимен на неколку локации на нашата престолнина и е во продукција на Арт Студио.