Почетна > Македонија > ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА – FOOTSCRAY 2022

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА – FOOTSCRAY 2022

///
Comments are Off

Традицијата не згаснува, само продолжува! 

Македонската организација на Заедницата MACO со голема радост соопштува и ги известува сите слушатели дека на 30 октомври 2022  ќе го одржи најголемиот и долго очекуван Македонски фестивал на храната. Местото на одржување е Footscray park на адреса 40 Maribyrnong Blvd, со почеток во 11.00 часот.

Се покануваат сите Македонци од Викторија да земат масовно учество и да го поддржат и посетат фестивалот. На едно место ќе можат да видат стари традиционални носии, голем избор на македонска литература и секако да вкусат исклучително убави традиционални македонски јадења, подготвени од светски познат готвач од Македонија.

Покрај традиционалните јадења посетителите ќе имаат прилика да уживаат во богатата културно уметничка програма, во која ќе учествуваат голем број пејачи од нашата заедница,  со свои и со македонски оригинални песни. Македонските културно уметнички друштва од Мелбурн и Нов Јужен Велс, ќе настапат со специјално припремени кореографии на македонски традиционални ора. Покрај тоа ќе има и специјални гости како изненадување во текот на програмата. Нема да бидат изоставени ни најмладите кои ќе уживаат во разни активности за деца, рецитации на стихотворби за Македонија.

Ова e уште едeн голем настан, уште една прилика и место каде се отсликува македонската традиција, култура, јазик и фолклор, својствени за Македонците каде и да се во светот. Традицијата не згаснува, само продолжува. Македонија е непресушна ризница од која наследивме многу и имаме што да прикажеме во светот. Ве очекуваме!

МАCO – Macedonian Australian Community Organization

За повеќе информации јавете се на следниве телефонски броеви: 0414 722 004 – Зоран Димовски,  0423 496 821 – Гордана, 0401 343 401 – Лидија или email: community@maco.org.au

Превземено од Macedonian Timeline