Почетна > Македонија > “Дари ми љубов” – нов видео запис на Анета и група “Молика”…

“Дари ми љубов” – нов видео запис на Анета и група “Молика”…

///
Comments are Off

За љубовта вреди секогаш да се пее…и кога сакаш и кога си сакан, и кога си бескрајно среќен и кога си тажен. Таа како неисцрпна инспирација раѓа најмногу музички хитови, ама отпеани од вистинските грла.

И токму од едно такво грло и напишана од едно вистинско романтично срце (Далибор Даки Ѓошиќ), ни доаѓа новата песна “Дари ми љубов” во исполнение на Анета и групата “Молика”. Истата е снимена во студиото “XL Momirovski”, а за видеото се погрижи “Арт студио” – продукција…и секако сцена позната и како своја – Домот на култура во Битола како и танцот што секогаш оди заедно со љубовта во изведба на членови од “Ритам Плус” од Скопје.

Ако сте вљубени, среќни и исполнети користете го секој слободен момент за дружење со музиката, онаа која ја храни или пак лечи нашата душа и го продолжува нејзиниот век. Заедно со убавите љубовни песни и оние кои знаат преку нив секогаш да допрат до својата публика…како Анета и групата “Молика”.