Почетна > Македонија > “7/8” со Ефто Пупиновски, Гоце Касаповски и Јове Кекеновски…

“7/8” со Ефто Пупиновски, Гоце Касаповски и Јове Кекеновски…

///
Comments are Off

Оваа вечер главниот збор ќе го имаат оние искусните, со голема километража во сето она што го работеле и го работат во моментов. За првиот гостин, кој патем ни гостувал и друг пат, не е потребна поголема најава… Ефто Пупиновски, еден од најдобрите машки вокали во Македонија, повеќе од 40 години на сцената со многубројни хитови, ама негова лична карта е секако незаборавната “Лихнида кајче веслаше”, eден од оние кој што многу сака да дискутира и тоа секогаш поткрепено со факти, си има свои ставови кои што си ги почитува…Гоце Касаповски, за прв пат во нашето студио, долги години се посвети на создавање песни за деца но и за негови колеги, еден од ретките кој што на својот ФБ профил објавува секојдневно стихови инспирирани од некоја ситуација или случка од животот, има работно искуство во телевизија, а својата пензија ја дочека во Градски водовод, негова лична карта е секако “Вардаре, Пирин кај ти е” што ќе имаме прилика да ја слушнеме и вечерва… и Јове Кекеновски, професор и доктор по правни науки, своевремено беше градоначалник на град Скопје, беше и државен секретар во Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање, потоа беше претседател на Советот на град Валандово, претседател на Советот на естрадни уметници, има предавано на повеќе универзитети во Mакедонија и надвор од неа, моментално е на на Факултетот за туризам односно на универзитетот во Битола каде е кандидиран и за ректор на истиот. Своевремено беше член на популарните “Мераклии” и вечерва за прв пат по 27 години се враќа на една музичка сцена со две свои изведби на хармоника.

Во делот на музички бонус гости, ќе имаме можност да ја слушнеме младата Драгана Јорданова од Кочани која нашата публика веќе многу добро ја познава како пратечки вокал во сите три изданија на популарното “ShowRoom”. Оние без кои не се може се секако нашите Анета, Јовица и групата “Молика” кои повторно подготвија интересен избор на песни.

Вечерва 20 часот…прошетајте со нас низ спомените, музичките хитови, дебатирајте ама и забавувајте се…сето тоа во шоуто “7/8” на вашата BalkanMusicTv.