Почетна > Македонија > Весело и во нејзин стил со новиот видео запис на Сања Ристеска…

Весело и во нејзин стил со новиот видео запис на Сања Ристеска…

///
Comments are Off

Каде е веселата песна таму се младоста, љубовта, среќата и секогаш доброто расположение…она што сите го носиме во себе и кое треба почесто да го будиме и шириме околу нас. А како се буди доброто расположение ако не со убава и весела песна. Оние кои се занимаваат со музиката знаат дека луѓето се желни за позитивна енергија, за дружење и моменти кога песната ќе направи да заборавиш на се и да го живееш безгрижно истиот тој момент.

Сето тоа собрано на едно место ни го носи новиот видео запис и музички хит насловен “Да заиграме” во изведба на Сања Ристеска. Музиката и текстот ги напиша Јане Рафаиловски, а за аранжманот се погрижи Љупчо Павловски, студио “Анастасија” – Скопје. Пред самата промоција која ќе се случи за два дена, младата Сања со нескриена возбуда ни откри… “Да Заиграме” е ново музичко парче кое ме отсликува мене и мојата енергија која сакам да ја споделувам преку песната. Интересен е фактот што спотот е снимен во само еден ден, па таков предизвик бараше огромна професионалност од сите кои беа дел од истиот. За почеток ќе ви откријам дека спотот е снимен на само една локација и тоа во луксузните и раскошни делови на ресторан “Arcus” во Куманово, во продукција на BalkanMusicTv. Текстот говори многу, како и самиот наслов па затоа очекувајте нов свадбарски хит”.

Наскоро…обожавателите на Сања Ристеска и публиката на BalkanMusicTv ќе добијат песна за добро расположение и видео запис за потполно визуелно уживање.