Гостите во вечерното шоу “7/8” имаат два заеднички збора…познато и легендарно. Ако кажеме дека едниот е внук на легендарниот фолк пејач Војо Стојаноски, втората е внука на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасовски и третиот е сам по себе естрадна легенда во имитирањето, тогаш ќе знаете дека станува збор за познатите Дарко Стојаноски, Елена Јовческа и Ранко Рангелов. А заедно со нив доаѓаат во комплет и нивните животни приказни и музички хитови. Па така Дарко ќе ни раскаже со што се се занимавал во животот и за што најмногу се кае…Елена ќе се пофали со нејзината нова преработка на хитот “Твоите очи шараат”, како може да се чувствуваш незгодно кога невестата ќе ти побара невообичаена желба, ама ќе даде ветување дека следното видување ќе ја донесе и својата гајда…а што да се каже за единствениот познат и признат македонски имитатор Ранко Рангелов кој има за раскажување многу приказни, згоди и незгоди, од неодамна пензионер кој сеуште ја има онаа своја позитивна енергија и ведрина.
На нив во делот за кратките гости ќе им се придружат Марко Трпчевски, вокалот на групата “Плетенка” од Битола и Ивана Наумова , дел од големото музичко семејство “Бумбари” од Штип. Музичката рамнотежа се разбира како секогаш ја држи наша Анета Мицевска заедно со групата “Молика” и нејзиниот избор на песни…”Каде сте македончиња”, “Сегде појди дома дојди” и “А бре чичо”.
20 часот…фреквенција на BalkanMusicTv…познато, забавно, опуштено, ведро и секогаш “насмеано” музичко шоу – “7/8”.