Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Христијан – Кико Божинов, Лидија Спасовска и Христиан Илиовски Кико…

“7/8” со Христијан – Кико Божинов, Лидија Спасовска и Христиан Илиовски Кико…

///
Comments are Off

За прв пат во вечерашното музичко шоу “7/8” ќе седнат на една маса…Христијан – Кико Божинов од Валандово, член на групата “Болеро” и моментално еден од подобрите машки вокали кај нас кој ќе има интересни моменти за раскажување, како од детството така и од турнеите…Лидија Спасовска од Куманово, единствената која на 15-годишна возраст направи музичка кариера која никој потоа не ја повтори, најмногу позната по својот безвременски хит “Помисли на мене”, среќна сопруга и мајка на две деца за кои има само најпофални зборови…Христиан Илиовски Кико од Битола, сопственик на околу 300 трофеи, 20 медали и две златни кациги и десетократен првак на Македонија во мотокрос трки, момче кое сонува за подобри патеки и услови за тренирање во нашата земја и достоен наследник кој ќе го продолжи неговиот успех.

А кога станува збор за песната, вечерва ќе ни се придружат и Саит Идоли, скромен во зборовите ама не се штеди кога станува збор за песните и младиот Секо кој најави две нови авторски песни кои заедно со видео записи ќе ги промовира во скоро време. Тука ќе бидат и оние кои веќе се како наши…Анета, Јовица и групата “Молика”.

Вечерва 20 часот…музичко шоу “7/8”, место каде секогаш се смее и многу се пее, се евоцираат спомени, ама и се откриваат многу планови, наши познати музички и спортски имиња од малку поинаков агол со малку поинаква водителка, Анита Даева…гледајте не!!!