Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Мишко Крстевски, Наташа Малинкова и Петар Ангелов – Диви…

“7/8” со Мишко Крстевски, Наташа Малинкова и Петар Ангелов – Диви…

///
Comments are Off

Кога на едно место ќе се најдат сограѓани и пријатели од истиот крај, разговорот тече неосетно и брзо. А вечерва на заедничка маса ќе се дружат нашите познати гости…Мишко Крстевски, популарен фолк пејач со 31- годишна музичка кариера зад себе и многу испеани хитови, сеуште харизматичен и полн со енергија каде и да настапува…Наташа Малинкова, позната поп пејачка која преферира на своите забави македонска музика, а ќе ни покаже како добро звучи исполнувајќи еден голем хит од Пепи Бафтировски…и Петар Ангелов – Диви, еден од нашите најпознати и најуспешни ракометни голмани кој својата кариера ја помина во повеќе познати македонски клубови и македонската репрезентација, а четири години играше и живееше и во Франција, моментално тренер на РК “Вардар” од Неготино.

Освен нашите домаќини, групата “Молика” и Анета Мицевска (овој пат без Јовица), на музичка дружба ќе ни се придружат…дуото “Миле и Нено” од Тетово кои ќе ја промовираат својата прва песна насловена како “Песна наша”…младиот Тоше Ангелески од Кичево кој одбра два големи македонски хита за свое претставување пред нашата публика и Даниел Коцалев кој освен исполнетите песни ќе ни открие каков е животот во “печалбарска” Германија.

Значи многу гости, распеани грла и дуетски комбинации меѓу Мишко и Анета, Мишко и Наташа, а ќе пропее за момент и Диви…за останатите ќе слушнете и видите сами…вечерва во 20 часот само на фреквенцијата на BalkanMusicTv…телевизијата која се повеќе станува дел од вашето секојдневие!!!