Луѓето што живеат надвор од нашите граници се постојано со срцето и душата во родното огниште. Нашите музичари надвор од границите творат и пулсираат во ритамот кој секогаш го носи нашиот темперамент…и тоа секогаш го распознава и чувствува секоја публика. Такво искуство има и нашиот Ане Миров кој долги години живее и работи во Швајцарија, а преку музиката е поврзан со сите уживатели кој се затекнале на некоја музичка свирка на оркестарот “Мераклии” кој е еден од најпознатите и најпопуларните на тие простори.
Свoјата последна посета во родна Македонија Ане ја искористи за снимање на еден студиски видео запис за својот “Чочек Икс” кој совршено си ја најде својата промоција за време на новогодишните празници. Автор на музиката е самиот тој и преку својата виолина најдобро ни ја пренесува секоја запишана и разиграна нота, додека аранжманот го направи Дејан Момировски (Studio XXL). Свое учество на овој проект дадоа и колегите Дарко Илиевски (хармоника), Марјан Богојевски (хармоника) – во спотот, Сашко Митев (клавијатура), Стојанчо Миров (ударни инструменти) и Кристијан Галабов (бас гитара)…сето тоа во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv. Се на се, одлична екипа вклопена во одлична музичка нумера која одлично си го најде своето место за време на новогодишното празнување кое сеуште се чувствува меѓу нас….нека се множат и нови весели нумери и секогаш весели расположенија!!!