Почетна > Ексклузивно > “Заборав” – нова песна на одличните “Дакапо Бенд”…

“Заборав” – нова песна на одличните “Дакапо Бенд”…

///
Comments are Off

Секогаш се радуваме кога на нашата музичка сцена ќе излезе нова авторска песна која со своите звуци и зборови ќе го поднови и освежи нашето секојдневие. Токму едно такво чувство ќе ви предизвика и новата песна “Заборав” на “Дакапо Бенд” уште со самите први тактови на истата. Темата на љубовта како вечна инспирација е секогаш неисцрпна и веднаш се “прилепува” за срце…затоа што не постои човек на светот без љубовна болка, и таа што воздигнува и таа што потиснува. Зад ваквиот наплив на емоции заслужни се Миле Наумовски (музика), Марина Лотеска (текст) и самите членови на бендот кои се погрижија за аранжманот на песната. Аудиото е работено во “City Sound Studio” на Љупчо Соколовски, а соработката со “Арт студио” – продукција ни го носи и визуелниот впечаток. За да звучи онака како што звучи – нежно, срцепарателно и веднаш забележливо најмногу се заслужни самите тие…Сања Димова и Васко Спасов (вокали), Горан Костадинов и Тодор Ушитков (клавијатури), Влатко Ѓорчев (кларинет), Илија Мицев (труба) и Никола Давчев (ударни инструменти). Се на се, нумера која долго ќе се слуша и ужива во неа.

А сигурно е дека публиката и обожавателите на “Дакапо бенд” ќе уживаат и во нивниот проект “Kафански микс 2” во кој се собрани и препеани дел од најголемите хитови на познатиот Тома Здравковиќ. Филмот за неговиот живот и кариера едноставно ги разбуди сетилата на нашата публиката која меѓудругото сака да ги слуша неговите песни на забавите и веселбите. Овој кафански микс нуди одличен избор и изведба за кои обожавателите веднаш се сложија дека им се допаѓа. Тоа секако остава простор за уште нови идеи и музички проекти кои “Дакапо Бенд” ги планираат за периодот што следува.

Велат дека “по утрото се познава денот”…ако новиот музички хит “Заборав” е предвесник на она што допрва следува, несомнено дека годината за “Дакапо Бенд” ќе биде успешна и онака како што посакува секој од македонската музичка сцена. Нека се множат успеси!!!