Почетна > Ексклузивно > Весела, распеана и незаборавна новогодишна програма на BalkanMusicTv…

Весела, распеана и незаборавна новогодишна програма на BalkanMusicTv…

///
Comments are Off

Весело, распеано, со многу позитивнa енергија и расположение, со надеж дека ни доаѓаат подобри денови како за се, така и за музиката…онаа која е неизоставен дел од нашите животи. Во таков дух и празнична атмосфера и оваа година BalkanMusicTv во соработка со “Арт студио” – продукција ви ја нуди својата “екстра” новогодишна програма. Истата изобилува со многу познати и популарни музички имиња кои со својот избор на македонски и српски хитови ќе ви ги развеселат деновите на новогодишното празнување.

Денешното празнично расположение ќе го започнеме во 17:00 со емисијата “На здравје”, во 19:00 продолжува нашиот новогодишен коктел со избор од минатите години, а во 21:00 стартува официјалната новогодишната распеана и весела програма во која само за вас ќе запеат нашите музички грла…Благица Павловска, Благоја Грујовски, Миле Кузмановски, Анета Мицевска, Јовица Наумчевски, Елена Андоновска, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Цаки Кисми, Ташко Каранфиловски, Благојче Стојановски – Туше, Адријана Ацевска, Ивана Серафимовска, Кате и Трајче (група “Соната”), Сандра Милковска, Сања Ристеска, Сани Петковска, Саит Идоли, Секо, Снеже Ламнјова, Елена Наумова, Александар Терца Мишковски, браќата Раде и Филип Нуневски, Шарки и Tомче, групите “Екстра бенд”, “Маестро”, “Фортуна” и “Тандеми”, Демир Кантуровски и оркестар “Уска Кан”…сето тоа “зачинето” со неизбежниот Ферус Мустафов и неговиот магичен саксофон во комбинација со ориенталната танчерка Мери Саитова. Расположени за придружба на нашите музички пријатели и вокали ќе бидат групата “Молика” и маестро Зисо Пуровски кои пошироката публика веќе ги препознава како заштитен знак на популарното музичко шоу “7/8”. Низ целата распеана вечер ќе ве води шармантната водителка Ирена Спировска која со своите топли зборови ќе ви посака музичко добредојде во вашите домови и ќе ви упати искрени честитки за Новата 2022 година…

И оваа година BalkanMusicTv се потруди на своите ценети гледачи да им понуди разновидни музички содржини кои почнувајќи од Новата година па се до големиот христијански празник Божиќ ќе ги следат вашите семејни веселби и дружења. За таа цел во овие денови BalkanMusicTv на својата фреквенција секој ден ќе емитува…во 11:00 по еден музички концерт, 19:00 е резервиран за музичката емисија “На здравје”, а веднаш потоа секоја вечер ќе следи по еден новогодишен коктел кој ќе изобилува со музички хитови за сечиј вкус и генерации. Влезете во Новата 2022 година со празничната програма на BalkanMusicTv, празнувајте и веселете се во друштво на вашите омилени музички имиња и хитови. Од срце ви посакуваме денови исполнети со многу здравје, среќа, љубов и бериќет…и се разбира многу музика!!!