Одиме понатаму, спремна нова екипа и секогаш спремна публика….онаа нашата која верно не прати и во оваа трета сезона. А гостите и овојпат интересни, многу ни е мерак кога имаме спортисти во студиото, музички пријатели кои ни доаѓаат “сефте” и оние кои повторно не посетуваат затоа што кај нас секогаш е весело, распеано, а богами и расприкажано. Па така, вечерва со вас ќе бидат:
-Дејан Георгиевски – нашето златно момче кое од Олимписките игри во Токио ни се врати со сребрен медал, ќе ни ги пренесе своите впечатоци и возбуди од престојот и натпреварите таму, смирен со неверојатна самоконтрола и со ветување дека на следната олимпијада ќе блесне златото на неговите гради…
– Милица Кузмановска – несудена балерина, дипломиран туризмолог со фантастичен висок просек на оценки, потпретседателка на здружението “Хема” но пред се наша фолк пејачка која е присутна веќе 28 години на македонската музичка естрада…
-Наум Петрески- еден од најдобрите машки музички вокали во Македонија со испеани над 300 песни во својата долга музичка кариера, во слободно време сака да оди на лов (повеќе за шетање по планините отколку за ловење животни), риболов (а знае и да ги спрема рибите) и она што малкумина го знаат дека се занимава веќе 30 години со нуркање…што би се рекло, има многу за раскажување.
-Мендо Ташкоски – магистер и професор по народни инструменти кој предава во основното музичко училиште во Прилеп, со својата хармоника ќе ни ја “извезе” својата авторска “Сложувалка” и “Елено моме” за добар крај на емисијата заедно со колегата Димитар Настески на кларинет…
-Иван Илиев – задолжен за одличните забави не само во Скопје туку и низ цела Македонија, ќе ни се претстави со “Без тебе не одам” каде е автор на музиката и една по слободен избор што сите ја знаат “Сите ми велат среќен си”…
-наша Анета – максимално расположена за песна дури четири пати (пола на македонски, а пола на српски јазик затоа што ја “бендисуваат” низ целиот Балкан…
-група “Молика” – момци спремни за придружба…
Како поминува времето така стануваме се поомилени и барани…за оние кои можеби не знаат, нашето време е 20 часот, а нашата фреквенција е BalkanMusicTv…нова покана за музичко дружење.