Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Елена Велевска, Вели Мумин и Трајче Манев…

“7/8” со Елена Велевска, Вели Мумин и Трајче Манев…

///
Comments are Off

За сите што го очекуваат (а ги има многу), нашето 35-то издание на популарното музичко шоу “7/8” (едно е и не личи на ниедно друго) должни сме да ве известиме дека вечерва ќе се дружите со нова екипа (секоја екипа кај нас е интересна)…

-Елена Велевска – со промоција на својата нова песна и видео запис “Овој живот убав е”, секогаш пријатна за уво “Срце бакшиш ќе ти дадам” и дует за очи и уши со Анета Мицевска – “Мајка на Марика думаше”, искрена како секогаш но овојпат можеби и малку повеќе…

-Вели Мумин – и покрај бројните спортски успеси два пати пропуштил шанса да отиде на Олимписките игри во Сиднеј и Атина, со два брака зад себе и спремен во секој момент за трет, пее само по кафани ама ќе направи мал исклучок за нас и ќе ја запее онаа најтешката “Зајди, зајди”…

-Трајче Манев – победник на “Макфест” во далечната 1987 година со сега веќе безвременската “Осамен”, ќе ја слушнеме и “На минус 23” и една за “ќеиф” на душата “Сношти минав покрај вази”, расчистил на времето со музиката само за “атер” на семејството, тазе пензионер и горд дедо на Марко…

– музички гости за да ни биде повесело – Ване Грозданов од Кочани и младиот Теодор Богојевски, двајцата со позитивна музичка енергија…

– оние без кои не се може – водителката Анита Даева и наша Анета во пакет со група “Молика” и засилување од “Молика Оне” под будното око на маестро Зисо Пуровски…

-кој знае веќе си чека, почеток во 20 часот на фреквенцијата на BalkanMusicTv…точно кога надвор почнува веќе да засвежува…уживајте!!!