Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Катерина Брезева, Ѓоко Ѓорчев и Дарко -“Табиет”…

“7/8” со Катерина Брезева, Ѓоко Ѓорчев и Дарко -“Табиет”…

///
Comments are Off

Во вечерното 37-мо издание на популарното музичко шоу “7/8” ќе ни се придружат:

-Катерина Брезева – најпознатиот велешки женски вокал, заедно со нејзината “Соната” присутни веќе 21 година на македонската музичка сцена, од пред две години среќна мајка на Ана и засекогаш во љубов со нејзиниот Трајче, вистинска домаќинка кога се во прашање специјалитетите од месо и суканите јадења…

-Ѓоко Ѓорчев – македонскиот Том Џонс, единствениот македонец кој има пеено на Црвениот плоштад во Москва пред фантастична бројка од 200 000 присутни, страстен навивач на Реал Мадрид, веќе пензионер и горд дедо на три внуци кој меѓу другото ќе ни се пофали како спрема коленици на свој начин…

-Дарко Мац – ако не беше музичар и инструменталиста ќе беше играорец затоа што тоа е неговата втора љубов, со неговите колеги од оркестарот “Табиет” познати по своите настапи овде кај нас и надвор од нашите граници, во нивниот репертоар има и етно, тамбурашки песни за душа, евергрин и слично, негов инструмент е хармониката но владее и со многу други инструменти, најдобриот мир и спокој си го добива кога работи во неговото музичко студио…

-Игор Андреевски – професор во нижото музичко училиште од Велес кој вечерва ја одбра нашата емисија да ни ја претстави својата преработка на “Кажи, кажи мило либе” која потекнува од пиринскиот крај и е една од 5-те преработки на стари македонски песни кои Игор ги подготвува за македонската публика…

-стандардна дружина – Анета и група “Молика” со “Море сокол пие”, “Београд” како поздрав за нашите верни гледачи од соседна Србија и една незаборавна од нашата ромска кралица Есма – “Мангава тут”…

Вечерва во 20 часот, опуштено музичко дружење на фреквенцијата на BalkanMusicTv!!!