Вечерва со почеток од 20 часот ќе имате можност да го погледнете најновото издание на музичкото шоу “7/8″…шоу кое ќе ви донесе многу музика, смеа и разонода во вашите домови. Гости во емисијата ќе бидат младите Драган Темелков – Џони и Иван Јованов, вокалистот на познатите “Либеро бенд”. По желба на Џони две изведби од неговиот репертоар ќе ги изведе во дует со нашата, секогаш расположена за песна, Анета Мицевска. Од друга страна пак музичкиот дел на Иван ќе го надополнат неговите колеги од “Либеро бенд” и кадри од нивните популарни видео записи…
Освен редовните гости за музика и песна ќе бидат расположени уште Рената Ничовска и Игор Наумовски познати на јавноста како вокали од групата “Молика Оне”. Познатиот професор по хармоника и кантавтор Боби Спасенцовски е третиот гостин кој ќе ја заокружи екипата што секогаш го надополнува музичкиот мозаик на шоуто “7/8”. Истиот во друштво на Драган и Иван, ќе го завршат со заедничка музичка точка вечерашното издание кое полека но сигурно станува омилено кај нашата публика и секако меѓу музичките гости. За изведбите на нашите стандарни “домаќини” Јовица и Анета нема што посебно да се нагласува… секоја испеана музичка нота е вистинско уживање за сите нас.
И затоа, фреквенција BalkanMusicTv (20:00)…термин резервиран за забава, смеа и музика!!!