Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Даниела Темелковска, Орде Неделковски и Џељо Дестановски…

“7/8” со Даниела Темелковска, Орде Неделковски и Џељо Дестановски…

///
Comments are Off

Вечерашната “палава” дружина ќе ни покаже како може да биде интересно кога ќе се најдеш во едно пријатно опкружување. И да, како може човек понекогаш да се пошегува и на своја сметка. А сето тоа ни го носат игрите кои имаат за цел да изнудат многу забава, смеа и да ги опуштат гостите на кои потоа поубаво ќе им “лизга” песната. На темпераментните Џељо Дестановски и Орде Неделковски одлично ќе им парира нашата “македонска барбика”, Даниела Темелковска. Како многумината наши естрадни уметници, овој период на музичко мирување во јавноста и тие го користат за одмор, семејството и идеи за нови песни и проекти. Па така, и вечерва не очекува ред муабет, ред забава и ред музика кои еве досега се покажа како одличен рецепт за едно добро опуштено музичко шоу. Максималната граница на опуштеност успешно ја владее нашата водителка Анита Даева, а максималната музичка релаксираност успешно ја држи и одржува комбинацијата од групите “Молика” и “Молика Оне” под раководство на маестро Зисо Пуровски.

Како музичко засилување во ова издание ги имаме по “велешка линија” младите Мими Јовановска и Иван Милевски ( Екстрим бенд). И двајцата ќе ни понудат добар избор на песни. Мими ќе докаже како во изминатиот период за кратко време ги освои симпатиите кај нас и во целиот регион, а Иван преку песните ќе ни покаже како треба да си ја сакаме нашата татковина…сето тоа под будното око и придружба на Анета Мицевска која секогаш има и свој интересен избор на нумери пред нашата публика.

Во овие сеуште ладни вечери кога луѓето се дома и бараат нешто што ќе го привлече нивното внимание на ТВ екраните, музичкото шоу “7/8” нуди пријатно поминати минути кои ќе го оттргнат вниманието од другите секојдневни непријатни вести во етерот. Пофалбите кои досега стигнаа на наша адреса се доволен доказ за тоа дека сме на вистинскиот пат, патот до вашите домови и срца.

Вечерва 20 часот, фреквенција BalkanMusicTv…шоу за сите генерации!