Почетна > Седум Осмини > “7/8” со Нино Величковски, Вики Пандовска и Ивана Серафимовска…

“7/8” со Нино Величковски, Вики Пандовска и Ивана Серафимовска…

///
Comments are Off

Кога на едно место ќе се најдат еден кумановски боем и “мајтапџија”, две друшки секогаш насмеани и една водителка секогаш позитивно расположена, добивате емисија во која многу се зборува, смее и лесно се пее. Таква една атмосфера ги очекува гледачите на BalkanMusicTv и музичкото шоу “7/8” кои секој четврток во 20 часот веќе со нетрпение очекуваат што ново и весело ќе им донесе истото. А вечерва богами ќе има од се по нешто.

Наши и ваши гости ќе бидат Нино Величковски, Вики Пандовска (група “Фортуна”) и Ивана Серафимовска (група “Академци”), гости кои кога би постоел инструмент за мерење на смеата, сигурно би прегорел уште по првите 15 минути. И така ред зборови, ред смеа, ред игри и ред песна…ќе дознаеме како Нино дипломира соло пеење на свои 58 години, како Вики од многу сметководство нема време ниту да гледа вести ниту да слуша политичари, а Ивана ќе се пофали како ја има најдобрата свекрва на светот. А за песни, ќе има од се по нешто…свои хитови, хитови од Благица Павловска и тука секако ќе биде и Анета Молика со својот музички избор. Во делот на гости ќе имаме можност да ги слушнеме Александар Ицов (група “Корона”) со свои две инструментални изведби и Фанита Фани Казурова со два хита од нашиот северен сосед.

Ако ова кратко инфо е доволно за да го привлечеме вашето внимание, тогаш ви закажуваме средба вечерва во 20 часот…точно со почетокот на полицискиот час. Значи, не мора да биде здодевно – може да биде и забавно. Ве очекуваме на нашата фреквенција!!!