Почетна > Македонија > Христос Еленидис – Рус и бендот “Руски рулет” ни го носат звукот на познат грчки хит…

Христос Еленидис – Рус и бендот “Руски рулет” ни го носат звукот на познат грчки хит…

///
Comments are Off

Сакаме музика, ја чувствуваме и кога не го знаеме јазикот на кој се раскажува приказната во неа, креваме раце и се препуштаме…сето тоа ни го носат изведувачите кои при своите настапи мора да се дадат 100-процентно и инструменталистите без кои ниедна композиција не е целосна со сите “марифети” во неа. Не постои човек кој со првите остри звуци на бузукито не ја препознава грчката музика каде тоа е најпознатиот и највпечатливиот инструмент…инструмент кој во рацете на добриот мајстор знае да ни пренесе на ист начин и среќни и тажни зборови од песната.


Христос Еленидис – Рус е нашиот најпознат македонски музичар кој скоро две децении заедно со бендот “Руски рулет” се препознатливи на публиката токму по изведбите на грчката музика. Во неговата биографија стои дека со музика почнал да се занимава од својата 5-та година, а на свои 6 години имал можност да настапи заедно со Микис Теодоракис во Узбекистан. Од музичко образование има завршено нижо музичко училиште (отсек виолина), но потоа виорот на музиката го носи на различни страни…учества и настапи на бројни наши познати фестивали, соработка и настапи со многу познати грчки имиња од тамошната музичка сцена, настапи насекаде во регионот каде публиката умее да ја препознае топлината во неговиот глас и неговите специфични интерпретации. Токму тие му ја донесоа победата во 2017 година, во познатото српско музичко шоу “Никогаш не е доцна” каде Христос во целост ја освои многубројната балканската публика.

Бендот “Руски рулет” е оформен пред околу две децении и скоро од самиот почеток заедно со него е и Војче Бошкоски, неговата десна рака и човекот со магичното бузуки кој никогаш не ги остава недоречени зборовите на Христос.

Деновиве Христос заедно со “Руски рулет бенд” во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv снимија преработка на познат грчки хит насловен како “Epekses ke ehases”. Освен топлиот глас на Христос, познатиот грчки ритам го надополнуваат и Игор Христов (сајзер), Сашо Костадиновски (ударни инструменти), Христијан Гаврилоски (кларинет), Ивица Волчески (бас сајзер) и Војче Бошкоски (бузуки/гитара). Со надеж за уште многу други музички соработки и хитови од грчката музичка сцена, ве оставаме да уживате во сето она предходно кажано и докажано…