Почетна > Македонија > “Дестанова ризница” – посебно оро на посебниот Џељо Дестановски…

“Дестанова ризница” – посебно оро на посебниот Џељо Дестановски…

///
Comments are Off

Убаво, “ќеифски”, колоритно, разиграно, позитивно…нашиот најпознат зурлаџија Џељо Дестановски викендов го промовираше своето ново оро “Дестанова ризница”. По првото негово преслушување веднаш ќе ја почувствувате позитивната енергија на самиот Џељо и сите негови досегашни животни пораки, со надеж за подобри денови. По првиот преглед на видео приказната ќе имате чувство дека и вие заедно со сите учесници сте поминале низ истата…секој може да се пронајде во неа, од минатото или пак во иднината…

А рецептот за успешен музички проект и позитива на денот гласи:

-музички проект – “Дестанова ризница”

-музика и аранжман – Џељо Дестановски

– аудио, микс и мастер – “The Studio” на Горан Мирковски

-аудио – Роберт Спасенцовски (хармоника), Дејвид Демир (ритам гитара и тамбура), Далибор Ефтимовски (ударни инструменти) и Назим Али (тапан)…

-видео – Ален Рамчевски (гитара), Дарјан Дунчевиќ (тарабука), Славе Најдовски (сајзер) и повторно Роберт, Далибор и Назим…

-снимање и монтажа – “Арт студио” – продукција

-разиграност и убавина од бои – ансамбл “Никола Јонков Вапцаров” и ученици при ЕМЦ “Наши Ноти”, наша следна генерација успешни инструменталисти..

-шминка – Ива Ѓошиќ

-фотографија –  Стефан Мешковски кој преку својот фотоапарат ни ги пренесе сите насмевки, дружба и шаренило на прекрасните народни носии од Скопскиот регион…

Ќе се согласите во едно, “Дестанова ризница” е посебно оро…поради инспирацијата на самиот Џељо, поради бројот на учесници, поради времето во кое се појави, поради пораката која ни ја носи, поради сето она на кое сме горди…нашата македонска традиционална музика…поради самите НАС!!!

…”Музиката е лек за сите болести” – Џељо Дестановски…УЖИВАЈТЕ!!!