При самото спомнување на неговото име публиката знае што да очекува…хитови што веднаш ти влегуваат “под кожа”, еуфорија предизвикана од бројните патриотски и печалбарски песни, зборови кои ако еднаш ги запаметите остануваат вечно во вашата меморија. Тоа го докажуваат и неговите многубројни верни обожаватели, како овде кај нас така и насекаде по светот. За сето тоа голема заслуга има и неговиот брат Златко Миладиноски, кој со својата музика и аранжмани допринесува за заедничкиот успех што потоа го доживуваат. “Цело е кога има се” – нели?!
Хитот на Влатко Миладиноски од Фолк Фест Валандово 2018 “Се вратив сине”, за многумина сеуште побудува силни чувства при нејзиното слушање…поради текстот на Драган Матески и музиката/аранжманот на Златко Миладиноски. И по две години од нејзината премиерна изведба, тоа е песна која ги исполни сите очекувања на Влатко…да ја освои публиката и да се милува нејзиното слушање и пеење. Во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv овој голем хит доби и своја студиска видео верзија која со останатите три други кои се во изработка уште повеќе ќа ја збогатат нашата програма. Во оваа верзија исто како и на фестивалот во Валандово, со својата распеана зурла гостува нашиот популарен Џељо Дестановски кој аранжмански уште повеќе ја надополнува песната. Сцената во студиото е збогатена и со голем оркестар под водство на маестро Златко Миладиноски, верен соработник и голема подршка на својот брат.
Во овој и сите останати големи хитови на Влатко Миладиноски, можете да уживате и на фреквенцијата на BalkanMusicTv…слушајте, гледајте и останете во добро расположение!!!