Почетна > Македонија > Писмо од виртуозот на хармоника Златко Миладиноски, кое треба да го прочита секој музичар!

Писмо од виртуозот на хармоника Златко Миладиноски, кое треба да го прочита секој музичар!

///
Comments are Off

Деновиве бевме сведоци дека поголемиот дел од музичарите во нашата земја се обединија и преку протест пред Владата на Република Македонија извршија притисок да бидат примени и да се слушне нивниот глас.

Писмо до нашата редакција испрати познатиот музичар, еден од нашите најдобри хармоникаши Златко Миладиноски.

Неговото писмо ви го пренесуваме во целост:

„Музиката е моја мајка“

„Здраво живо на сите. Јас сум Златко Миладиноски музичар за некого знаен за некого незнаен, но сега тое не е ни важно .  

Сакам од срце и од душа да ја поздравам огромната  публика на македоската музика. Или како што најчесто ја именувам мајчина музика.

Со ова мој став ги подржувам сите колеги  музичари сакајќи да им укажам на тоа дека нашата публика не е само виртуелна, напротив можеме да ја видиме секаде каде што настапуваме, но и кога не настапуваме, значи евидентно е дека постои, нели?

Лично за мене би кажал  дека  музиката ја чуствувам како мајка и дека не би постоеле никакви препреки кои би ме натерале да се откажам од неа. Дури да е и со закон забранета јас нелегално би се занимавал со музика.

Другата причина поради која не би сменил  професија е мојата огромна почит кон сите останати професии   

Не постои професија за која не треба да се вложат години во образование, обука, едукација, искуство…

Ништо поразлично не е ниту со музиката.

Како уметник овие рестрикции ги толкувам  како своевиден подарок што значи време и мир, кои во нашата професија се постојано дефицитарни, за кои сметам  дека се неопходни кога треба да се креира и создава уметност .Овој период на музички мораториум можеби е најплодниот период во мојата досегашна музичка дејност.

Мотивација секогаш е публиката, една и единтсвена. Нашите песни, композиции ги создаваме за неа, оти како што музиката знае да допре до човекот, не може ниту една друга уметност. Таа го изразува сето она што не може да се каже ниту може да се премолчи.

Поздрав со почит Златко Миладиноски!“

Инаку Златко покрај тоа што има компонирано голем број хитови, тој е шеф на оркестарот на популарната музичка емисија „7/8“, која се емитува  на „Тв Балкан Мјузик“.