Почетна > Македонија > Живе Мешуревски со нова љубовна видео приказна…

Живе Мешуревски со нова љубовна видео приказна…

///
Comments are Off

Млад, полетен, полн со животна и музичка енергија…момче кое ни доаѓа од градот Ресен, град со богата музичка традиција, распеани грла и секогаш актуелни во сите музички случувања во регионот. Досега реди успеси секаде каде настапува и во се што работи, а доказ за тоа е и последниот проект со групата “Кода” кој публиката одлично го прифати, што би се рекло “народот сака да го слуша”. Пред себе има уште многу “пат”, но Живе Мешуревски етапно го гази…чекор по чекор.

И како што ни најави, Живе повторно се зафати со работа и снимање на нов видео запис. Станува збор за песната со наслов “Да си моја” на која соработуваше со тандемот Дејан Момировски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст), тим со кој е задоволен од досега сработеното. Спотот се работеше во соработка со “Арт студио” – продукција и опфаќа повеќе локации низ Скопје и Битола, како и кадри од хотелот New Star. И како да се раскаже една љубовна приказна без убаво женско лице и насмевка…во спотот учествуваше и Љубица Неткова од модното студио Models In.

Во исчекување на новиот видео запис за песната “Да си моја”, уживајте во неговиот прв голем хит “1001 ноќ”…