Почетна > Ексклузивно > Оркестар Мераклии – се снима, се работи, се љуби…

Оркестар Мераклии – се снима, се работи, се љуби…

///
Comments are Off

Љубовта нема граници

нема земја родена,

и не е важно кај да си

нека е благословена…

Ова се зборови од авторската хитовска песна “Љубовта нема граници” на оркестар “Мераклии” која се роди токму од самите нив. Низ силните зборови кои се нижат еден по друг е опишана животната приказна на секој од четирите членови на овој состав, нивните чекори низ животот и чувства. А вистинската љубов човек ќе ја најде и на крајот од светот, нели…

Приказната за оркестар Мераклии е интересна и несекојдневна. Оли, Георги, Ане и Ѓорге се другари и пријатели уште од средношколските денови, но дури подоцна во Швајцарија се вкрстуваат нивните музички патишта. Љубовта кон музиката и чувството дека се омилени кај тамошните наши иселеници, не ги спречува да работат со полна пареа и секогаш да бидат слушнати со нешто ново. На нивна голема радост и задоволство, македонската песна велат дека е широко прифатена и од другите народи кои живеат во Швајцарија…

Како сите, така и нив понекогаш ги преплавува носталгија за родниот крај па успеваат да дојдат за да си ги наполнат батериите. Истовремено наоѓаат време да сработат нешто на музички план, за гостување во музичка емисија и да остварат соработка со некои од овдешните колеги. Во соработка со “Арт студио”- продукција оркестар “Мераклии” сними кавери на повеќе песни како “Седнав да вечерам”, “Ах ах Ана”, “Наздрави за љубов”, “Како да ти речам мила остани”, “Дајте ми ја Бисера”, “Мори моме Магде”, “Не стој Доне Донке”, “У другом животу”, “Последњи боем” како и “Свадбарски чочек” на виолина и промоција на авторската “Љубовта нема граници”. Воедно тие ќе не почестат и со каверите кои ги одработија во соработка со популарните Анета Мицевска и Спасен Сиљаноски…

До излегување на овие прекрасни преработки, уживајте во нашиот избор од репертоарот на оркестар “Мераклии”, славете го животот и песната, бидете среќни со музиката и љубовта покрај неа….