Почетна > Ексклузивно > “Амајлија бенд” – Промоција на новиот хит “Вино налејте”…

“Амајлија бенд” – Промоција на новиот хит “Вино налејте”…

///
Comments are Off

И како што најавивме, денес на пладне на фреквенцијата на BalkanMusicTv се случи промоцијата на новата песна на “Амајлија бенд” од Пробиштип. Како комплетен автор на овој хит насловен како “Вино налејте” се потпишува нашиот познат фолк пејач Јордан Митев, а аудиото е снимено во студио “Анастасија”. Видео спотот е работен во соработка со “Арт студио” – продукција со дел во амбиентот на хотелот “Црешово топче” во Пробиштип…

Најубавите песни се пишуваат кога срцето пати по љубениот, допираат до публиката кога ќе се испеат од срце, стануваат хитови кога ќе те допрат сите зборови и звуци. “Амајлија бенд” го имаат сето тоа во својата нова песна која денес им ја подарија на своите верни обожаватели, и тоа на овој убав празничен ден “Водици”…

BalkanMusicTv ја користи оваа прилика да му го честита утрешниот именден на својот музички пријател и подржувач на македонската народна музика – Јордан Митев. А за сите уживатели на добрата песна, песна за вљубените срца, “Амајлија бенд” го подарува својот нов хит “Вино налејте”. Уживајте!!!