Почетна > Ексклузивно > Стефан Величковски – за сите вљубени “Остани со мене”…

Стефан Величковски – за сите вљубени “Остани со мене”…

///
Comments are Off

Нема посовршен ден од денешниот за промоција на една љубовна песна, Денот на вљубените. Ова е ден кога се величи љубовта и тоа кој како си милува, преку стихови и песни, преку звуците на инструментите, преку страствена игра на двајца танчери….Нашиот Стефан Величковски ни го подарува она што најдобро умее, својата нова песна “Остани со менe”. Тимот што работеше на оваа нумера се добро познатите Александар Тарабунов (музика), Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман). Својата доверба за видео записот Стефан и ја довери на продукција “Арт студио” кои низ мистичната атмосфера и љубовниот танц на двајца млади нија величат љубовта. Текстот на песната ги содржи сите милозвучни зборови што една вљубена душа може да и ги каже на својата сакана…копнеж, радост, восхит, ветување…

А ветувањето што Стефан Величковски им го даде на своите обожаватели денес го оствари… дека ќе им подари песна која ќе се пее уште долго време.  И тоа поради заносниот глас, стиховите, пораката…ЉУБОВТА!!!