Почетна > Балкан > 75 години стил и харизма: Јосипа Лисац – „Мала пауза пред она што доаѓа“ (Фото)

75 години стил и харизма: Јосипа Лисац – „Мала пауза пред она што доаѓа“ (Фото)

///
Comments are Off

Хрватската музичка икона Јосипа Лисац повторно привлече внимание со својот необичен моден израз. На својот Инстаграм профил, 75-годишната дива сподели фотографија покрај море, каде што позираше на палуба облечена во црна тесна комбинација со долги ракави и панталони што целосно го покриваа нејзиното тело.

Мала пауза пред она што доаѓа. Повеќе наскоро!“, напиша Јосипа, оставајќи впечаток дека се подготвува за нов музички проект или изненадување за својата публика.

Под објавата веднаш се појавија бројни коментари од нејзините обожаватели: „Убава“, „Прекрасна“, „Браво, Јосипа! Брилијантна“, „Вистинска дама со уникатен стил!“, пишуваат следбениците, додека некои не ја криеја својата зачуденост: „Како тоа, таа никогаш не се сонча? Секогаш заштитена, ова навистина ме изненади!“.

Инаку, ова не е првпат Јосипа Лисац да избере целосно затворено издание во летните месеци. Таа повеќепати нагласила дека не може да го поднесе директното сонце и дека внимателно ја штити својата светла кожа од штетните зраци.

Со својот автентичен стил и бескомпромисна индивидуалност, Лисац и по седум децении живот и натаму успева да остане уникатна, а нејзината последна објава само ја потврдува титулата – диво со свој неповторлив белег.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Елена Андоновска со голем концерт во чест на Васка Илиева: „Од Македонија во туѓина“ на 4 август во Охрид (Фото)
Историски момент: По 35 години ПГП РТС повторно објави албум на македонски уметник – „Балкански жубор“ на Проф. д-р Јове Кекеновски (Фото)
Со голем музички спектакл во Хераклеа Борче Наумовски – Министерот ќе одбележи 30 години музичка кариера (Фото)
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)